Челси најде замена за Лукаку, но трансферот го кочи Лампард!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку е блиску до трансфер во Интер, откако не се прослави во Челси во текот на минатата сезона.

Лондонскиот тим бара замена за Лукаку, кој се враќа во Интер, а тренерот Томас Тухел избра нов напаѓач и станува збор за Ришарлисон од Евертон.

Ришарлисон привлече интерес и од Тотенхем и Арсенал, но трансферот го кочи легендата на „сините“, Франк Лампард, кој е тренер на Евертон.

Лампард не сака да остане без еден од најважните членови на екипата, па на раководството му порачал да не го продаваат Бразилецот за сума помала од 70 милиони евра.

Тухел се труди да го ангажира и Адриен Рабио, откако соработуваше со него во ПСЖ, а за него екипата би можела да плати околу 20 милиони евра.