Челси не се откажува: Абрамович нуди 130 милиони евра за Лукаку


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромелу Лукаку до крајот на летниот преоден рок би можел да направи спектакуларен трансфер, односно да се врати во Челси, кој долго време се обидува да се договори со Интер.

Првата понуда до Интер беше составена од 100 милиони евра плус Маркос Алонсо, но тимот од „Џузепе Меаца“ ја одби понудата.

Челси не се откажува, а Фабрицио Романо тврди дека новата понуда би била 120 или 130 милиони евра.

Лукаку, наводно, е подготвен да го напушти Интер кој нема да може да го задржи ако фудбалерот реши да си замине.

Белгиецот ќе добие плата од 12 милиони евра по сезона со дополнителни бонуси од настапите кои ќе ги има во синиот дрес.

Интер веднаш има подготвено замена за Лукаку, па ќе се обиде да го ангажира Дуван Запата од Аталанта.