Челси нуди астрономска понуда до Евертон за Лукаку?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот од западот на Лондон, Челси испрати понуда до Евертон вредна 65 милиони фунти за Лукаку.

Челси очекува одговор од Евертон најдоцна до петок, спремни во трансферот да го вклучат и францускиот напаѓач Реми за да го доведат Белгиецот кој токму од Челси премина во Евертон за сума од 28 милиони фунти. Челси сега се спремни да понудат 65 милиони фунти, доколку Евертон ја прифати понудата на Челси ќе им донесе профит од 38 милиони фунти.

Евертон и Челси преговараа минатото лето за трансфер на Стоунс од Евертон во Челси, преговарањето траеше со недели за на крај тој трансфер да не биде остварен. Челните луѓе на Челси не сакаат одолговлекување во врска со Лукаку и очекуваат одговор до крајот на неделава.

Челси игра со Милан и Вердер Бремен па потоа се спремаат за натреварот на 14 август, во рамките на првото коло од Премиер Лигата против Вест Хем. Конте сака да го виде Лукаку во ростерот на играчи за тој натпревар.

Конте е сосема задоволен од досегашните резултати на пријатлските натпревари. Особено е задоволен од победата со Ливерпул. „Против Ливерпул одбраната се истакна одлично“ – изјави Конте