Челси оди во четвртфинале: Хаверц и Стерлинг го расплакаа Дортмунд (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лондонскиот гигант Челси славеше со 2-0 против Борусија Дортмунд во реваншот од осминафиналето во Лига на шампиони (ЛШ) и се пласира во следното коло.

Избраниците на Грем Потер беа одлични на теренот и почнаа со закани кон голот на Дортмунд уште од самиот почеток, а Феликс, Хаверц и Стерлинг не успеаа да го матираат Мејер на стартот на првиот дел.

Стерлинг, сепак, го матира Мејер во 43. минута за водство од 1-0, по што водството на „сините“ го зголеми Хаверц од пенал во 53. минута.

Дортмунд се бореше за гол до самиот крај на мечот, но Челси одлично се бранеше и избори место во четвртфиналето на ЛШ.