Челси потврди уште едно големо засилување! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант објави дека Калиду Кулибали е нов дефанзивец, па сигурно ќе биде големо засилување за следната сезона.

Кулибали конечно реши да го напушти Наполи и да направи исчекор во кариерата затоа што понудата од Лондон не можеше да се одбие.

Сенегалскиот репрезентативец потпиша договор на четири години и доаѓа како замена за Антонио Рудигер и Андреас Кристенсен, кои си заминаа ова лето.

Кулибали имаше неколку одлични сезони и ги изненади сите со неговиот потег, зашто осум сезони по ред одбиваше да си замине од Неапол.

Наполи од трансферот ќе добие 40 милиони евра, а Кулибали е второ засилување за Челси по ангажманот на Рахим Стерлинг.