Челси урна уште еден трансфер-рекорд!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси денеска го потврди трансферот на Марк Кукуреља, кој стана најскапиот бек во историјата на фудбалот.

Челси за услугите на Кукуреља плати 55 милиони фунти на Брајтон, а треба да исплати и седум милиони фунти во бонуси, па така ќе биде урнат досегашниот рекорд на Жоао Кансело, кој изнесуваше 60 милиони фунти.

Шпанецот имаше импресивна сезона во дресот на Брајтон и беше голема желба на Манчестер сити, но сепак на крајот потпиша шестгодишен договор со Челси.

Пред само два дена Брајтон демантираше дека ќе го продава Кукуреља, но сепак понудата од Челси не можеше да биде одбиена, па така шпанскиот фудбалер беше претставен во новата екипа.