Честитката од Стивен Џерард за секој навивач на Ливерпул е посебна


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот капитен и легенда на клубот Стивен Џерард им честиташе на фудбалерите и навивачите на Ливерпул за освојувањето на титулата во Премиер лигата.

Џерард беше омилен на навивачите, но не успеа да ја освои шампионската титула. Тој беше близу два пати, во сезоната 2008/09 и 2013/14, но не успеа.

По 30 години Црвените успеаја со тоа и Џерард не го криеше задоволството. За него е посебен момент.

“Честитки до клубот за освојувањето на титулата. Тоа е неверојатно достигнување од фантастичен тим на врвни играчи. Нека започна забавата”, напиша Џерард, меѓу другото.