Чурлинов го израдува Шалке, па се повреди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов имаше добар настап за Шалке против Падерборн (2-0) и го постигна вториот гол во втората Бундеслига, но веднаш потоа се повреди и мораше да биде заменет.

Чурлинов постигна гол во 74. минута од натпреварот, а само четири минути подоцна се повреди и мораше да го напушти теренот.

Во моментов нема детални информации за повредата на Македонецот, односно дали ќе му биде достапен на селекторот Благоја Милевски за баражот против Италија за пласман на Светското првенство (СП) во Катар.

Шалке во моментов се наоѓа на петто место со 40 бодови, односно еден помалку од Сент Паули и Вердер Бремен, кои се наоѓаат на делба на првата позиција.