Чурлинов се сели во Англија!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов долго време се поврзуваше со враќање во Шалке, каде што играше минатата сезона на позајмица, но Штутгарт потврди дека тоа нема да се случи, па сега има нови шпекулации за неговата иднина.

Барнли е екипа која е заинтересирана за услугите на Чурлинов, кој ја почна сезона со гол за Штутгарт во германскиот Куп.

Поранешниот премиерлигаш ова лето продаде три важни играчи, а тоа се Ник Поуп, Нејтан Колинс и Двајт Мекнил од кои доби 60 милиони евра, па сега има пари за нови фудбалери.

Една од желбите на тимот е Чурлинов, а Штутгарт сигурно ќе ја разгледа понудата ако пристигне од Островот.