Чурлинов: Среќен сум што потпишав за Барнли

Македонскиот репрезенативец Дарко Чурлинов потпиша четиригодишен договор со Барнли, каде што доаѓа од екипата на Штутгарт.

Барнли за услугите на Чурлинов ќе плати пет милиони евра вкупно, а македонскиот фудбалер треба да биде големо засилување за тимот кој сака да се врати во Премиерлигата.

„Се чувствувам возбудено и среќно што ќе играм за Барнли. Нема време за губење и едвај чекам да дојде утрешниот меч“, кажа Чурлинов.

Тренерот на тимот, Винсен Компани кажа дека е среќен што Чурлинов му се приклучил во тимот и тој ќе биде дел од екипата која ќе се соочи против Блекпул.

„Дарко е млад и талентиран играч. Тој работи многу на теренот и има силен менталитет“, кажа Компани.