Чурлинов за пет милиони евра се сели во Барнли


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Германски „Скај“ објави дека македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ќе си замине од Штутгарт и ќе се пресели во Барнли, иако интерес постоеше и од Андерлехт.

Чурлинов наскоро заминува на медицински прегледи во Англија, откако тимовите се договорија за трансфер вреден пет милиони евра.

Македонскиот фудбалер се очекува да потпише четиригодишен договор со Барнли и ќе биде големо засилување за тимот кој се надева на враќање во Премиерлигата.

„Чурлинов е блиску до Барнли. Штутгарт ќе добие пет милиони евра, а договорот на фудбалерот ќе биде потпишан до 2026 година. Уште утре би можел да замине на медицински прегледи“, кажа новинарот Патрик Бергер.