Цел свет го сели во Челси, а Бирхоф вели: Хаверц е фудбалер за Реал Мадрид!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оливер Бирхоф во моментов е спортски директор на германскиот национален тим, па за германските медиуми зборуваше за неговите идни планови, за иднината на фудбалот, како и за Тони Крос и Каи Хаверц.

Бирхоф имаше интересен одговор на прашањето да раскаже повеќе детали за Хаверц.

„Тој е фудбалер за Реал Мадрид. Навистина го мислам тоа. Хаверц е млад, но има талент, техника.. Тој е комплетен фудбалер, кој ќе биде важен за нас“, кажа Бирхоф.

Интересно е тоа што оваа изјава доаѓа од Бирхоф, иако цел свет шпекулира дека Хаверц наскоро ќе го облече дресот на Челси.