Цела Италија му се смее на Влаховиќ поради обид за симулирање 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус одиграа реми синоќа на гостувањето против Аталанта (1-1) во мечот од 25. коло во Серија А.

Аталанта водеше со 1-0 од 76. минута со одличниот меч на Руслан Малиновски, додека на 1-1 израмни Данило во судиското надополнување.

Од првата минута на мечот играше и Србинот Душан Влаховиќ, кој неодамна стигна ов Јувентус од Фиорентина и се покажа како големо засилување.

Влаховиќ синоќа доби големи критики поради обид да изнуди пенал, а поради симулирањето му се смее цела Италија.

Влаховиќ веднаш стана од тревникот, кога забележа што направи и се обиде да ја продолжи акцијата само за да не добие казна од судијата.