„Да не користев дрога, сигурно ќе играв уште кошарка!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот кошаркар Ламар Одом смета дека дрогата му ја уништила кариерата и ја завршила пред време, а тоа го призна во изјава за американските медиуми.

Одом и претходно кажа дека дрогата многу му наштетила во животот, но не можел да запре да ја користи.

„Искрено, мислам доколку не беа дрогите, јас ќе можев уште да играм кошарка. Ова го кажувам затоа што јас навистина немав проблеми со екстремитетите. Уште можам да трчам и да скокам“, вели 41-годишниот Одом.

Одом имаше 12 мозочни удари и шест срцеви удари, а исто така освои две шампионски титули со Лос Анџелес Лејкерс.