Да не претера? Клоп го спореди Нуњез со Левандовски

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрана на неговиот фудбалер Дарвин Нуњез кој се соочува со критики поради лошите настапи во дресот на премиерлигашот.

Нуњез пристигна како големо засилување и се очекуваше од него да постигне многу голови за Ливерпул, но Уругваецот застана на бројката од девет погоди.

Ливерпул го платил 85 милиони евра и затоа расте притисокот врз младиот напаѓач, но Клоп сакаше да му олесни, па реши да го спореди со Роберт Левандовски.

„Многу се слични. Мислам дека и Левандовски би ви дал ист одговор. Имавме облози по 10 евра – ако постигнеш повеќе од 10 гола, ќе ти дадам 10 евра, ако промашиш, тогаш ти мене ми плаќаш. Џебовите ми беа полни пари“, кажа Клоп.