Дајте му ја „златната топка“: Бензема постигна повеќе голови во ЛШ од Меси и Роналдо заедно!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Карим Бензема уште еднаш му помогна на Реал Мадрид, и тоа со гол во продолженијата против Челси за да му обезбеди на шпанскиот клуб полуфинале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Бензема е главен фаворит за „Златната топка“, а тоа многупати досега го докажа на теренот. Податок кој оди во негова корист е бројот на голови кои ги постигна во ЛШ оваа сезона, а тоа е 12 погодоци. Интересно е тоа што Лионел Меси и Кристијано Роналдо заедно постигнаа само 11 гола.

И најголемиот конкурент на Бензема испадна од ЛШ, откако Роберт Левандовски беше елиминиран заедно со Баерн Минхен од Виљареал.