Далас без Дончиќ славеше против Лејкерс (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Далас маверикс триумфираа со 111-110 против Лос Анџелес Лејкерс, иако на теренот немаа помош од Лука Дончиќ.

Кајри Ирвинг блескаше во отсуство на Дончиќ, па така постигна 38 поени, шест скокови и шест асистенции против Лејкерс.

Посебно важна беше асистенцијата во последните секунди, кога Далас стигна до победата против Лејкерс.

На спротивната страна најефикасен беше Ентони Дејвис со 26 поени и 10 скокови.

Филаделфија славеше против Шарлот со 121-82, Атланта го победи Голден стејт со 127-119 а Кливленд беше подобар од Вашингтон со 117-94.