Далас прокоцка предност од 22 поени: Дончиќ блескаше, па промаши шут за победа (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ и неговите колеги од Далас маверикс запишаа пораз од 105-107 од Феникс на почетокот на сезоната.

Дончиќ имаше шанса да го израдува својот тим, но сепак промаши шут за три поени, па така Далас ја почна сезоната со пораз.

Словенецот имаше одличен ден без разлика на промашувањето и го заврши натпреварот со 35 постигнати поени, девет скокови и шест асистенции.

Добра ноќ имаше и Никола Јокиќ со 27 поени, шест асистенции и четири скокови, но сепак Денвер нагетс загуби убедливо од Јута џез со 102-123.