Дали е ова очекуван ПРЕСВРТ: Напаѓачот сепак ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ уште една година…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат англиските медиуми, Оливие Жиру би можел да остане и следната сезона на „Стемфорд Бриџ“.

Францускиот напаѓач слабо играше во Премиер лигата оваа сезона, но затоа блескаше во Лига Европа, каде е најдобар стрелец со девет постигнати погодоци.

Дури на средината на неделата го постигна својот втор погодок во Премиер лигата оваа сезона, прв во календарската година, а запиша вкупни 788 минути во Премиер лигата.

Договорот со „Плавите“ му истекува на крајот од сезоната и се шпекулираше дека би можел да се врати во својата земја, каде за неговите услуги заинтересиран беше Лион.

Сепак, управата на клубот од Лондон има право да ја продолжи соработката со францускиот напаѓач на уште една година, а тоа по се судејќи и ќе го направат.

Тоа медиумите од Островот го запрашаа и Маурисио Сари, а Италијанецот истакна дека верува дека Жиру ќе остане на „Бриџ“ и следните сезони.

„Да, секако. Знам дека клубот има опција за уште една сезона, така што мислам дека ќе остане“, истакна Сари.

Така што, изгледа дека Жиру и покрај недостатокот од минутажа би можел да остане во Челси, впечатокот е дека „Плавите“ ќе ја променат плочата и цврсто се одлучни да го задржат, поради забраната за трансфери која им е изречена од страна на УЕФА.

Не сње знае уште дифинитивно дали Челси ќе може да пазарува во јануари, но изгледа дека ништо не сакаат да препуштат на случајност, па ќе ја искористат шансата за продолжување на соработката со 32-годишниот напаѓач на уште една година.