Дали го видовте изразот на лицето на Ван Дијк кога го изгуби дуелот со Рашфорд?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул се спаси од пораз на Олд Трафорд. Колку и Манчестер да беше лош и понатаму е тврд орев за Редсите.

Црвените Ѓаволи беа многу блиску до победа, водеа со голот на Маркус Рашфорд до самиот финиш на натпреварот, кога за 1:1 погоди резервистот Адам Лалана.

Многу играчи на Редсите вчера не беа на своето стандардно ниво, а многу проблеми со Рашфорд имаше и Вирџил Ван Дијк.

Холанѓанецот важи за најдобар штопер во светот, меѓутоа вчера поради одличниот настап на англискиот репрезентативец имаше вистинска главоболка.

Благодарејќи на конституцијата и долгиот чекор, Ван Дијк е многу тешко да го претрчате, а уште потешко е да го кутнете на земја.

Ова второто вчера му успеа на Рашфорд кој пред се дојде до топката, го доби дуелот со Ван Дијк и го собори Холанѓанецот на земја.

Звездата на Ливерпул не е навикната да се најде во ваква ситуација а тоа го потврди и изразот на неговото лице кога сфати што се случува.