Дали и на оваа одлука и претходеше инцидент: Спалети го минусираше пак Икарди од составот за мечот со Лацио, причината е случка на тренингот…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мауро Икарди сепак нема да игра за Интер во утрешното дерби против Лацио.

Аргентинецот изминатата недела се врати на тренинзите по месец и половина отсуство, а италијанските медиуми тврдеа дека Икарди би можел да заигра против Лацио.

Меѓутоа, 26-годишниот напаѓач е изоставен од екипата, а тренерот на тимот, Лучано Спалети откри дека нешто се случило на тренингот по што проценил дека сепак Икарди не треба да игра.

„На некој начин изгледаше како во екипата да ни дошол нов играч. Не беше долго со нас. Тренираше, моравме да го вклучиме во тренинг режимот. Вчера нешто се случи и морам да проценам и донесам одлука. Ќе видиме што ќе се случи во следниот меч“, истакна Спалети.

Така, Икарди повторно нема да го гледаме во екипата. Спалети се одлучи да не го поведе некогашниот капитен на важниот меч, иако има проблем со повредите.

Кеита Балде сега е главен кандидат да го почне мечот во врвот на нападот наместо Мартинез кој го пропушта мечот поради повреда.