Дали ова е крајот за Барселона? Сане со спектакуларен гол ги уништи надежите на Каталонците 🎥

Баерн Минхен во првото полувреме води со 2-0 против Барселона и сега каталонскиот гигант е пред елиминација од Лигата на шампиони (ЛШ).

Томас Милер во 34. минута постигна одличен гол за водство од 1-0, по што Лирој Сане во 43. минута постигна спектакуларен погодок.

Одличниот напаѓач испрати удар од 30 метри и го матираше Тер Штеген за предност од 2-0 на Баерн, кој се наоѓа пред шестата победа во групната фаза.