Дали солзите во очи на Леао се знак дека си оди од Милан!? (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Милан, Рафаел Леао беше стрелец во победата на неговата екипа од 2-1 против Фиорентина во Серија А пред паузата за Мундијалот во Катар.

Леао постигна гол уште во втората минута, по асистенција на Оливие Жиру, а потоа се расплака и тоа многумина го протолкуваа како збогување со „росонерите“.

Овој 23-годишен фудбалер постигна шест голови на 14 настапи во Серија А, а исто така има и пет асистенции за италијанскиот шампион.

ПСЖ, Манчестер сити и Челси се екипите кои ќе се обидат во јануари да го купат Леао од Милан, а „росонерите“ немаат сила да го задржат, па ќе се обидат да извлечат што е можно повеќе пари од трансфер.

Леао наводно има откупна клаузула од 150 милиони евра, па останува да видиме што ќе се случи во јануари.