Дарио Ивановски го освои четвртото место на полумаратонот во Белград

Дарио Ивановски блесна на полумаратонот што се одржа викендов во Белград, освојувајќи го четвртото место во силна меѓународна конкуренција.

Тој ја помина 21,1 километарската патека за 1 час, 7 минути и 22 секунди, демонстрирајќи стабилно темпо и извонредна физичка подготвеност.

Прво место освои Муалуко Михаел од Кенија, кој уште еднаш ја потврди доминацијата на кенијските тркачи во полумаратоните, додека второто и третото место ги зазедоа браќата Гемеда од Етиопија.

Фото: Атлетска федерација на Македонија