Де Бур слета во Милано, може ли Холанѓанецот да го врати Интер во стариот сјај?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот тренер на Интер синоќа слета во Милано и во вторник ќе биде претставен како нов тренер.

Тој во понеделникот вечерва стигна во Милано и на новинарите кратко искоментира дека е среќен што дојде.

„Среќен сум што сум овде. Утре на конференцијата за медиумите ќе видите каков е понатамошниот план. Се надевам дека ќе имаме многу успех во сезоната која е пред нас. Ова е голем предизвик“, рече Де Бур.

Де Бур како тренер на Ајакс освои четири титули во холандското првенство и беше асистент на националниот тим на СП кога со Холандија стигна до полуфиналето.

Да потсетиме, тој на клупата ќе го замени Роберто Манчини кој бележеше очајни резултати во текот на претходните две сезони, поточно од ноември 2014 кога тго замени Валтер Мацари.