Де Хеа ги пакува куферите и си оди од Манчестер јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ќе мора да бара ново решение на голманската позиција затоа што Давид Де Хеа ќе си замине на крајот на сезоната, откако раководството реши да не му понуди нова соработка.

Клубот имаше можност да ја активира клаузулата во неговиот договор и да го задржи на уште една сезона, како што направи со Рашфорд и со неколку фудбалери, но на листата не се најде и Де Хеа.

Шпанскиот голман е најплатен во екипата, а управата смета дека не ја заслужува платата и затоа ќе си бара негова замена, а како потенцијални засилувања се споменуваат Коста од Порто и Зомер од Борусија Менхенгладбах.

Де Хеа го носи дресот на премиерлигашот од 2011 година, каде што пристигна од Атлетико Мадрид.