Де Хеа мора да прифати еден услов ако сака да остане во Манчестер јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот голман Давид де Хеа има договор со Манчестер јунајтед до крајот на сезоната, а доколку сака да остане во премиерлигашот, ќе мора да прифати помала плата.

Англискиот новинар Алан Никсон објави дека Де Хеа не ја крие желбата дека сака да остане во Манчестер, но ќе мора да ја намали платата од 375.000 на 250.000 фунти.

Шпанецот пристигна кај „ѓаволите“ во 2011 година за 19 милиони фунти од Атлетико Мадрид, а веднаш стана еден од најдобрите на Островот.

Де Хеа има и 45 настапи за репрезентацијата на Шпанија, иако не играше на Мундијалот во Катар.