Де Хеа си ги пакува куферите: Јунајтед почна преговори со неговата замена!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот голман Давид де Хеа нема намера да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, па очигледно на лето ќе се пресели во некој друг европски гигант.

Договорот на шпанскиот голман завршува наредното лето, а иако Јунајтед се обидува да му понуди нов договор, сепак Де Хеа одбива да потпише продолжување на соработката.

Причината е малата понуда, која ја нуди раководството на клубот. Тој сака половина милион фунти неделно, а Јунајтед му нуди 400.000 фунти.

Поради тоа, „ѓаволите“ решија да почнат преговори со репрезентативецот на Англија, Џордан Пикфорд, кој е член на Евертон.

Сепак, неговата цена воопшто не е мала бидејќи „карамелите“ за неговиот потпис бараат 50 милиони фунти.