Де Јонг ќе ѝ се одмазди на Барселона

Барселона врши притисок врз Френки Де Јонг за да си замине од клубот, но холандскиот репрезентативец не се откажува од намерата да остане во Каталонија.

„Мундо Депортиво“ објави дека Де Јонг е разочаран од начинот на кој клубот сака да го избрка од тимот, но нема да попушти под притисокот.

Во медиумите се шпекулираше дека Барселона сака да му го поништи договорот потпишан во октомври 2020 година, а неговите адвокати тврдат дека шанси за такво нешто не постојат.

Де Јонг не сака да потпише ништо и целиот случај ќе го препушти на адвокатите на Ла Лига, ФИФА и УЕФА, при што Холанѓанецот реши да не го напушта клубот, иако Жоан Лапорта бара начин за да го продаде.