Де Зерби по 267 милиони евра најави „бомба“ на трансфер периодот


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем Роберто Де Зерби најави дека ќе донесе ново напаѓачко решение кое го нарече “бомба” и изјави дека работата на клубот во летниот трансфер период е одработена само 60 отсто. Притоа, клубот во овој период веќе двапати го срушил сопствениот рекорд за висина на трансфер и досега вложил 267 милиони евра во тројца нови играчи.

„Дејли Мејл“ наведува дека “бомбата” што италијанскиот тренер ја споменува веројатно не се однесува на Савиња, крилниот играч на Manchester City кој Тотенхем се обидува да го ангажира.

Кој дојде?

Сандро Тонали (108 милиони евра)
Матеус Фернандес (99 милиони евра)
Јан Пол ван Хеке (61 милион евра)
Енди Робертсон (слободен играч)
Маркос Сенеси (слободен играч)
Мартин Дубравка (слободен играч)