„Дебелковците“ Иско и Азар се хит на Твитер (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа славеше со 1-0 потив Еспањол и така направи важен чекор кон освојување на титулата во Ла Лига.

„Кралевите“ до победата стигнаа по голот на Касемиро во финишот на првото полувреме, по одличната асистенција на Карим Бензема.

Меѓутоа, не се зборува само за магијата на Бензема на мечот, туку и физичкиот изглед на Иско и Еден Азар.

Иско и Азар се далеку од добра физичка подготвеност, а тоа го покажа и ситуацијата од 63. минута, кога Зинедин Зидан во исто време ги замени.

На фотографијата може да се забележи дека имаат вишок килограми и нивните стомаци изгледаат впечатливо.