Деби од соништата: Лилард веднаш постави рекорд за Милвоки (Видео)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Демиан Лилард имаше неверојатно деби за Милвоки бакс во победата од 118-117 против Филаделфија, додека Лос Анџелес Лејкерс со пресврт го совлада Феникс со 100-95.

Лилард постигна дури 39 поени на дебито за Милвоки и стана најефикасен кошаркар на дебитантски меч во екипата, откако го надмина Тери Камингс од 1984 година кога постигна 34 поени.

Јанис Адетокумбо имаше добар настап за Милвоки и постигна 23 поени и 13 скокови, додека кај Филаделфија најефикасен беше Максеј со 31 поен.

Лејкерс на крилијата на Ентони Дејвис го совлада Феникс. Тој постигна 30 поени и 12 скокови, додека Леброн Џејмс запиша 21 поен.