Дејвис го предводеше Лејкерс до триумф (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс повторно им се врати на победите, откако беше подобар од Њу Орлеанс пеликанс со 123-108.

Ентони Дејвис беше најдобар кај Лејкерс со 35 постигнати поени, додека на спротивната страна Брендон Инграм запиша 22 поени.

Никола Јокиќ со Денвер нагетс загуби по четврти пат по ред, и тоа овој пат на гостувањето кај Торонто репторс со 110-125.

Јокиќ постигна 28 поени, но тие не му беа доволни на Денвер, додека кај Торонто најефикасен беше Фред Ванвлит со 36 поени.