„Делии“ го плукаат Пикси: Никогаш не си бил наш! (Фото)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Актуелниот српски селектор Драган Стојковиќ – Пикси беше жестоко навредуван на мечот меѓу Црвена Звезда и Партизан во финалето на српскиот Куп.

Стојковиќ е еден од најдобрите српски фудбалери во историјата, а беше идол на многу генерации на навивачи на Ц. Звезда, но потоа им стана непријател.

Пикси не е во најдобри односи со Звездан Терзиќ со кој многупати се препукуваа, а неодамна имаше и соопштенија со навреди, па „Делии“ решија да го кажат своето мислење за селекторот на Србија.

„Никогаш не беше твоја. Нкогаш не беше наш. На деценискиот потоп по тебе се сеќава секој звездаш. Сајонара“, порачаа „Делии“.