Дена Вајт објасни што ги чека сега Порие и Мекгрегор


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на УФЦ, Дена Вајт на прес-конференцијата по УФЦ 264 настанот објасни што ги чека Дастин Порие и Конор Мекгрегор во иднина, откако Ирецот го повреди зглобот и ја загуби борбата.

Вајт доби прашање дали има потврда за скршеница на ногата, а на тоа одговори дека потврда уште нема, но ќе бидат познати деталите по операцијата на која ќе оди Мекгрегор.

„Скршеници на нозе се многу лоши, не сакате така да заврши борбата. Дастин сега ќе се бори за титулата, а кога ќе се врати Конор, мислам дека ќе гледаме уште еден реванш. Оваа борба не заврши. Не можеше да дозволиме ваков крај. Кој знае колку време ќе му треба на Мекгрегор“, вели Вајт.

Порие засега не е познато кога ќе се бори за титулата, но се претпоставува дека датумот на борбата ќе биде резервиран пред крајот на годината.