Денвер е во криза: Јокиќ игра далеку од најдобрите денови (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денвер нагетс беше поразен синоќа со 106-114 од Хјустон рокетс, а тоа е трет пораз по ред во НБА-лигата за актуелниот шампион.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ не игра како во најдобрите денови и сега постигна 23 поени, 16 скокови и пет асистенции кои не беа доволни за Денвер да избегне пораз.

Хјустон ги имаше најефикасните кошаркари на паркетот, а тоа се Валвет со 26 поени, како и Грин кој постигна 25 поени.