Џа Морент: Би го растурил Џордан „еден на еден“ – не се плашам од никого!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарот на Мемфис гризлис, Џа Морент кажа дека би го растурил најдобриот кошаркар во историјата, Мајкл Џордан, кога би се соочиле „еден на еден“.

Морент кажа дека не се плаши од никого и порача дека му е жал затоа што не играл во иста ера со Џордан.

„Би сакал да можам да играм со нивната генерација. Ми се допаѓа размислувањето на Џордан, би сакал да играм против него. Би го растурил. Никој нема поголема самодоверба од мене. Никогаш не би можел некој да ме победи – еден на еден“, кажа Морент.

Морент минатата сезона учествуваше на олстар-мечот, а беше избран во втората најдобра петорка на лигата и доби награда за играч кој најмногу напредувал.