Џејмс го испофали Дејвис: Неверојатен кошаркар, одлично ја разбира играта!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс во големото финале на НБА-лигата водат со 2-0 против Мајами хит, откако синоќа триумфираа со 124-114, а незапирливи беа Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Леброн постигна 33 поени, девет скокови и девет асистенции, додека Дејвис постигна 32 поени, 14 скокови и една систенција.

Нивната игра ги воодушеви сите, а Двејн Вејд кажа дека Дејвис како соиграч му одговара повеќе на Џејмс отколку на било кој друг, по што коментар даде и „кралот“.

„Тоа е комплимент за Дејвис. Тој е неверојатен кошаркар, добро ја разбира играта. Свесен е колку ни е потребен. Малку зборува, но знаеме дека е решен во тоа што го прави за екипата“, кажа Леброн.