Џејмс и Дејвис го декласираа Мајами, Лејкерс блиску до титулата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс имаат 2-0 во големото финале во НБА-лигата, откако во вториот меч победија со 124-114.

Мајами играше без Горан Драгиќ и Бен Адебајо, но и покрај тоа даде отпор, иако не беше доволен за квалитетот на Лејкерс.

Лејкерс од почетокот наметнаа свој ритам на играта, имаа водство, а првите шест од осум поени на тимот ги постигна Двајт Хауард, по што следеше добар период на Леброн Џејмс, а помогна и Ентони Дејвис.

Мајами во текот на дуелот одржуваше пристојна негатива и се обидуваше да изненади, но не успеа во намерата.

Леброн постигна 33 поени, девет скокови и девет асистенции, додека Дејвис постигна 32 поени и 14 скокови.