Џејмс и Дејвис лесно го суредија Феникс (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес лејкерс победија на домашен терен против Феникс санс со 117-107. Лејкерс леснос стигнаа до 27. победа по првата четвртина во која имаа предност од 43-17.

Феникс не успеа да се врати по мечот, откако на полувреме имаше негатива од 41-74, но во последните четвртини успеаа да ја намалат разликата.

До триумф ги предводеше Леброн Џејмс со трипл-дабл од 31 поен, 13 скокови и 12 асситенции, додека Ентони Дејвис имаше дабл-дабл со 26 поени и11 скокови.

Милоки бакс со многу мака ја совлада Минесота со 106-104, Портланд победи против Њујорк со 117-93,  а Орландо како гостин го реши Вашингтон со 122-111 со 25 поени на Остин.