„Џокер Џака“ – Влезе и го реши натпреварот!


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Албанскиот репрезентативец Тулант Џака помина само 15 минути на теренот во дуелот со Франција но тоа му беше доволно за кај двата гола со лоша реакција да помогне на противникот да стигне до триумф.

Репрезентацијата на Албанија го доживеа вториот пораз на ЕП во Франција иако во вториот меч од групата А беше на чекор од освојување на првиот бод на шампионатот.

Избраниците на Џани Де Бјази одлично се бранеа се до последните моменти од дуелот со домаќинот на турнирот а тогаш следеа два погодоци со кои „Галските Петли“ го скршија отпорот на Албанците.

Тоа што на сите кои го следеа синоќешниот натпревар  беше впечатливо е учинокот на Тулант Џака кој на теренот влезе во 75 минута со задача да внесе мир во играта на својо тим.

Сепак, се случи  нешто сосема спротивно  поради тоа што Тулант израсна во „џокер“ но во репрезентацијата на Франција.

Кај двата гола на Франција Тулант Џака направи пропусти и слободно може да се каже дека токму тој е најголем виновник што бедемот на Албанија попушти пред налетот на Галските петли и што Франција на крајот успеа да ги освои сите три бода.