„Џордан денес би бил само Олстар-кошаркар, но не би доминирал во НБА“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мајкл Џордан за многумина е најдобриот кошаркар во историјата, но поранешниот плејмејкер Џејсон Вилијамс смета дека во денешната кошарка не би доминирал.

Вилијамс смета дека одбраната во НБА-лигата се променила и Џордан поради тоа не би доминирал како во минатото.

„Џордан би бил Олстар-играч, но не би доминирал. Не сакам да ме разберете погрешно, одбраната се промени. Во одредени моменти би имал по тројца кошаркари на себе, додека во минатото се играше еден на еден. Џордан беше голем кошаркар, но не би бил и денес“, вели Вилијамс.