Џошуа ги „пецна“ китичарите: Мислевте дека ќе изгубам од Нгану


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британскиот боксер Ентони Џошуа го нокаутираше Френсис Нгану во втората рунда од борбата во Саудиска Арабија.

Олимпискиот шмапион од 2012 година е горд на својот успех и затоа зборуваше по борбата, а не пропушти шанса да ги „пецне“ критичарите.

„Имам желба да победувам и тоа е најважно во моментов. Половина од овие луѓе мислеа дека ќе загубам. Само го правам тоа во кое сум најдобар. Не правам било што за да се докажам“, кажа Џошуа.

Британецот има 27 победи и три порази во професионалниот ринг, а воедно покажа желба да се бори против победникот од мечот меѓу Фјури и Усик.