Џошуа со технички нокаут го реши Валин (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ентони Џошуа вчера славеше против Ото Валин во боксерскиот спектакл во Саудиска Арабија.

Во главниот бокс-меч во Ријад, Џошуа доминираше против Валин и тимот на шведскиот борец реши да ја прекине борбата по петтата рунда.

Британецот е во серија од три победи, откако претходно загуби двапати од Александар Усик, а негов следен противник најверојатно ќе биде Филип Хрговиќ од Хрватска.