Димитријевиќ со 22 поени му помогна на Уникс за осма победа сезонава (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар со Уникс Казан и постигна 22 поени против Минск за победа од 58-52 во ВТБ-лигата.

Димитријевиќ, освен 22 поени, постигна и три асистенции и три скока, а вториот најефикасен кошаркар во Уникс беше Џален Рејнолдс кој заврши со девет поени.

Уникс игра фантастично оваа сезона во ВТБ-лигата и има осум победи по осум одиграни натпревари, колку што има и ЦСКА Москва на Емил Рајковиќ.