Директорот на Австралијан опен понижен поради депортацијата на Ѓоковиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Австралијан опен го загуби најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, зашто државата го депортираше Србинот и му ја укина визата, а директорот на турнирот Крег Тајли го извлече „подебелиот“ крај од навивачите.

Навивачите го исвиркуваа Тајли при неговото прво појавување во јавност на Австралијан опен. Тој дојде на Саманта Стосур да ѝ подари цвеќе на последниот натпревар во кариерата и заминувањето во пензија, а откако се најави спикерот можеше да се слушне незадоволство во публиката.

„Одиме понатаму, да се фокусираме на настанот и се надеваме дека ќе имаме две недели одличен тенис. Сакаме да го оставиме случајот зад нас и да бидеме горди на тоа што го направивме. Ја видов информацијата за трошоците и можам да кажам дека не е вистина“, кажа Тајли.