Додека Норвешка губи бодови, Халанд го крши законот и ќе добие казна (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Норвешка имаше лош старт на квалификациите за Европското првенство, кое ќе се игра во 2024 година во Германија, затоа што на стартот загуби кај Шпанија со 0-3, а потоа одигра 1-1 против Грузија.

Очигледно на Норвешка не ѝ оди без најголемата ѕвезда Ерлинг Халанд, кој е повреден во моментов, но тоа не го спречува да ги крши законите.

Халанд го користел својот телефон додека се возел околу „Итихад“ и поради тоа ќе мора да плати казна од 200 фунти, но и да му бидат одземени шест бодови од возачката дозвола.

Норвежанецот е забележан како го вози својот автомобил од 300.000 фунти.