Доказ дека не постојат граници: Нема рака, ама игра како да е ѕвезда во НБА (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трејсон Вилис за кого можеби немаат многумина слушнато досега, првпат во јавност се појави во 2017 година и тоа пред да се запише во средно училиште во Вашингтон.

Вилис е вистински херој за многу луѓе во САД, зашто докажа дека нема граница да се прави тоа што се сака, откако реши да игра кошаркар и покрај тоа што е роден само со една рака.

Младиот кошаркар ја користи само десната рака додека игра кошарка, но тоа не му пречи да изведе некои фантастични потези, кои не може да ги замислат многу играчи.

Вилис пред две години кажа дека сака да има успешна кариера во кошарката, а како што тргнал нема да зачуди никого доколку постигне поголеми успеси.