Докторите објаснија како пливачката остана без свест во Будимпешта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пливачката Анита Алварез остана без свест и потона на дното на базенот, а драмата траеше кратко, но постоеше опасност да го загуби животот.

Кога загуби свест, веднаш реагираше тренерката Андреа Фуентес, која скокна во водата и потоа ѝ го спаси животот.

Анита нема да има трајни последици по здравјето и изгубила свест поради исцрпеност, соопштија докторите по прегледите.

„Анита е добро. Докторите проверија сè. Во ред е пулсот, нивото на шеќер, крвен притисок и сè останато“, соопштија докторите.