Докторот на Марадона е виновен за тоа што почина фудбалскиот бог!?


    Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


    Аргентинските медиуми објавија дека полицијата води истрага за да се разјасни целиот случај, откако Диего Марадона почина во средата.

    Сведочењето на ќерките Далма и Џанина предизвикало почеток на истрага, па веднаш била извршена рација во клиниката каде што работи докторот на Марадона и биле запленети документи.

    Докторот ќе мора да се појави пред Суд каде што ќе одговара на одредени прашања за процедурата на лекување на Марадона, кој пред две недели имаше операција на главата поради хематом.

    Обвинувањата се навистина тешки и наводно докторот не го лекувал Марадона како што треба, а поради тоа му се влошила состојбата на Аргентинецот, кој почина во средата од срцев удар.